Маските за коса кои се на база на какао, не само што го зголемуваат волуменот, туку и ја обновуваат структурата на самата коса давајќи и мекост и сјај. Оваа маска со какао има стимулативно дејство на коренот на косата и го забрзува нејзиниот раст. Со редовно користење на оваа маска вашата коса ќе стане густа и сјајна.
Состојки:
- 1/2 шолја кефир
- 1 кафена лажица какао
- 1 жолчка од јајце
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки во еден сад, а добиената смеса нанесете ја на коренот и со чешел распоредете ја по целата должина на косата. Кога ќе се измеша со косата и почне да се суши, нанесете уште еден слој, па потоа уште еден. На косата ставете пластична кеса и оставете да одстои 20-30 минути. На крај измијте ја косата со шампон како вообичаено.
За да постигнете супер резултати оваа маска користете ја 2-3 пати неделно во тек на 2 месеци.
