Art & Crafts

Направете сами: Природен спреј за дефинирање на локните

Еве како до природни морски локни.

Состојки:

*1 шолја топла вода (не вриена) – Ако сакате да ја осветлите косата, како база наместо вода можете да користите чај од камилица, а ако сакате да ја потемните користете црн чај.

*2 лажички ситна морска сол

*1 лажица алое вера гел

*1/2 регенератор (ако имате мрсна коса не ставајте регенератот за дополнително да не ја замрсите) Погледнете го рецептот за природен спреј кој ги негува и ги дефинира локните.

*По избор: Неколку капки етерично масло за убав мирис и ако сакате да ја осветлите косата додајте 1 лажица сок од лимон

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во шише со прскалка и матете една до две минути, се додека солта не се стопи. Ако сте користеле чај како база или сте додале сок од лимон, спрејот чувајте го во фрижидер, а ако не сте, спрејот слободно можете да го држите на собна температура. Може да се користи 3 – 4 месеци.

Write A Comment