Art & Crafts

Направете сами природно масло за сончање

Се што нанесуваме на својата кожа доаѓа до нашиот крвоток. Затоа е добро да се користи природна козметика дури и тогаш кога станува збор за препаратите за сончање. Овој рецепт е едноставен и можете да го направите сами, а содржи три драгоцени состојки за кожата – зелени ореви, моркови и маслиново масло.

Со оглед на тоа дека заштитниот фактор на ова масло за сончање е 5 се препорачува да се користи кога кожата веќе е потемнета и кога сонцето е послабо.

Состојки:

6-7 зелени ореви

Еден поголем свеж морков или два помали

Маслиново масло

Начин на подготовка:

Исечкајте ги оревите, а морковот изрендајте го и полијте го со маслиново масло. Измешајте ја смесата и ставете ја во стаклена тегла. Оставете ја теглата да одстои на сонце околу месец дена, а повремено протресувајте ја. Кога ќе помине еден месец исцедете ја целата смеса, а добиеното масло ставете го во мало шише.

Write A Comment