Разубавете го домот за новогодишните празници.

Искористете една гранка од дрво која претходно добро сте ја измиле и ставете ја во висока вазна која веќе ја имате дома.
На гранката со спреј направете вештачки снежец или пак искористете памук од кој ќе направите импровизација на снежни топчиња.

Доколку имате старо синџирче со кристалчиња или пак старински лустер употребете ги кристалите кои исто така ќе ги попрскате со снежниот спреј.
На гранката може да додадете и два-три сребрени или бели лампиони што ви се наоѓаат при рака, како и класични ситни црвени лампиончиња кои ќе личат како плодови од дрвото. Ефектот е извонреден!

На вашата маса одеднаш ќе добиете уметничка декорација која ќе ве потсетува на сите радости што ги носи зимата, па дури и ако надвор сеуште не паднал оној вистинскиот снег.
