Art & Crafts

Направете сами столчиња за гледање филм во двор

Имате желба да гледате филм на отворено и сега ви се потребни посебни столици во кои удобно ќе се сместите во текот на топлите летни ноќи и ќе уживате во филмските хитови? Ние имаме прекрасна идеја!

За да направите една ваква столица, потребно ви е:

  • Две идентични даски
  • Шарки за врата
  • Летвички
  • Шрафови
  • Перничиња за столици со потпирач

Сè што е потребно да направите е двете даски да ги споите со шарки на внатрешниот дел во форма на пирамида. На долната страна на даската која ќе послужи како постоље, поставете една летвичка која ќе му овозможи на столчето цврсто да стои на земја.

stolica

Обојте ја вашата столица со боја во спреј по желба и поставете ја на посакуваното место во дворот.

На потпирачот на столицата ставете ги перничињата за столици, така што седиштето ќе дојде на земја, а потпирачот на даската. И вашата столица е подготвена за употреба.

Write A Comment