← НАЗАД НА БОЗА

Направете сами: Витаминска бомба за супер имунитет!

Направете сами: Витаминска бомба за супер имунитет!
741 Читања

Не се чуствувате добро, имате проблеми со имунитетот, многу често се разболувате… епа ние го имаме вистинскиот лек за вас.

Денеска ќе ви покажеме како дома да си направите Витаминска Бомба, која се прави многу лесно и со намирници кои можете да си ги купите во најблиската продавница за здрава храна.

Овие состојки ви се потребни:

-250 гр. мед
-200 гр. суви сливи
-100 гр. суви кајсии
-100 гр. бадеми
-100 гр. ореви
-100 гр. суви смокви
-50 гр. аронија
-50 гр. лешници
-50 гр. брусница
-100 мил. свеж лимон
-1 среден корен од ѓумбир
-3 лажици мед со прополис и матичен млеч

Начин на подготовка:

Состојките се ставаат во стаклен сад, а сливите, кајсиите и смоквите се сечат, а лешниците, бадемите и оревите се мелат.

Потоа се се меша, се додаваат сокот од лимон и ѓумбир, а потоа целата смеса се прелива со мед и добро се меша.

Откако смесата ќе се соедини ја ставаме во тегла да стои неколку дена, а потоа може да се козумира.

Како што и се нарекува Витаминска Бомба може да ја јадат и деца постари од две години, но само по една кафена лажичка наутро, додека за повозрасните може да ја користат и со поголема лажица.

Се надеваме дека ви помогнавме со овој наш витамински прилог и дека веќе од утре ќе си ја направите дома, а резултатите сигурно ќе бидат видливи за неколку дена.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk