Art & Crafts

Направете си сами спреј за коса за на плажа

Сонцето и горештините освен кожата, ја уништуваат и нашата коса. Еве еден предлог како дома да си подготвите спреј кој може да си го понесете на плажа и да ја заштитите и направите посјајна вашата коса.

Што ви е потребно:
1  шише со пумпица
1 лажица на органски кокосово масло
1 лажица  морска сол
2 чаши топла вода
1 лажичка балзам за коса

Како да го подготвите:
Чекор 1: Прво, додадете кокосово масло во шишето, проследено со топла вода. Протресете добро.
Чекор 2: Потоа, додадете сол. Протресете добро. На крај, по желба додадете и балзам. Протресете повторно.

Како да го користите:
Чекор 1: Напрскајте на влажна коса .
Чекор 2: Користите ги  вашите раце за да го распоредите еднакво низ косата, а потоа оставете да се исуши.

Write A Comment