Убавина

Направете убави локни без топлина

Со едноставен трик можете да ги нагласите своите локни без да користите топлина и да ја оштетите косата. Овој трик е најдобар за дефинирање на локните кај коса која е природно виткана, но дава резултати и на рамна коса.

Доколку косата ви е баш рамна, применете ја истата постапка само со четири прамена, кои ќе ги завиткате заедно и ќе ги врзете со ластиче на темето пред  да одите на спиење. Следното утро пуштете ја косата, наместете ја малку со прстите и ќе имате убава, опуштена фризура.

–          Навлажнете ја малку косата. Поделете ја на два дела и завиткајте ги навнатре.

–          Завиткајте ги и од другата страна во ист правец.

–          Оставете ја косата така завиткана, додека се суши на воздух или додека ја сушите со фен.

–          Најважно е косата во потполност да се исуши пред да ги раздвоите локните со прсти.

Write A Comment