Имате некаква свечена прилика, а немате соодветна чантичка? Не очајувајте бидејќи не мора да потрошите цело богатство за да купите нова…
Потребно е да имате малку фантазија и да сте љубител на „направи сам“ проекти. Денес ви претставуваме фантастичен „направи“ сам проект за моден додаток кој ќе ја направи вашата модна комбинација шик.
Потребни материјали:
- футрола за очила
- супер лепак
- четка
- спреј во саканата боја
- брош или украсна шнола
Постапка:
Испрскајте ја футролата со спреј во саканата боја. Почекајте да се исуши.

Откако ќе се исуши бојата земете ја шнолата или брошот и залепете ја во центарот на футролата.

Вашата чантичка е спремна за носење!

