Мојата кујна

Направете вкусна ладна торта без печење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 250 г. бисквити

* 150 г. млечно чоколадо

* 100 г. благ путер

* 150 г. мед

* 100 г. суви кајсии, исецкани

* 75 г. суво грозје

* 60 г. сецкани ореви

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Обложете ја тепсијата со хартија за печење
  2. Иситнете ги бисквитите, користејќи толчник, а претходно ставете ги во пластична кеса, за да не летаат насекаде.
  3. Стопете ги чоколадото, путерот и медот на пареа. Повремено мешајте.
  4. Тргнете ги садовите од оган и измешајте ги мелените бисквити, сувото грозје, оревите и сувите кајсии.
  5. Смесата ставете ја во тепсија и израмнете ја одозгора.

6, Оставете да се олади, а потоа ставете чоколадо врз неа и ставете во ладилник на 1-2 часа.

  1. Пред сервирање исечете го колачот на 12 коцки и уживајте во вкусот.

Write A Comment