Мојата кујна

Направете вкусно Македонско грне

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 кг јагнешко или јунешко месо

* 2 главици кромид

* 80 мл масло

* 1 лажица мелен сув зачин

* сол, бибер

* 250 гр домати

* 1 лута пиперка

* 3 млади кромидчиња

* 300 мл бело вино

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Месото исечете го на коцки, а кромидот ситно исецкајте го. Пропржете ги малку на загреано масло.

Кога месото малку ќе омекне додадете ги доматите исецкани на коцкички и ситно сецканата лута пиперка. Динстајте на средна тепература додека месото сосема не омекне.

Додадете го сецканиот млад кромид, виното и водата и уште малку варете го јадењето.

Идеја: По желба македонското грне послужете го со јуфки или њоки како гарнир.

Write A Comment