Мојата кујна

Направете вкусно тесто за фурнаринки или пица

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 250 мл топла вода

* 2 ¼ лажички сув квасец

* 1 лажица мед или шеќер

* 2 лажички сол

* 2 лажички маслиново масло

* 3 шолји брашно

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Квасецот се меша со медот или шеќерот и топлата вода. Се остава 10 до 15 минути додека квасецот не започне да се пени.

Додајте ја солта, маслото и половина од брашното, па добро промешајте. Остатокот брашно додавајте го постепено, додека не добиете меко тесто кое не се лепи.

Потоа истото се меси 6 минути и се остава да нарасне 1-2 часа во сад прекриен со пластична фолија.

Тестото потоа се обликува за пица или фурнаринки.

За пица, се премачкува со доматен сос, се реди кашкавал, печурки, салама по желба…

За фурнаринки тестото се премачкува со 2 лажици стопен путер, а потоа се додава кашкавал или сирење по желба.

Тестото се пече на 250 степени околу 10 минути, а потоа се сече за послужување.

Добар апетит!

Напиши коментар