Убавина

Направете здрава маска за коса од пиво

Пивото не е вообичаено за нега, но навистина може да направи чуда за вашата коса. Доколку вашата коса е безживотна, без волумен и сјај, прочитајте го овој рецепт за маска од пиво кој ќе помогне вашата коса повторно да биде раскошна.

Потребни ви се:

1/2 шоља пиво

1 лажица билно масло

1 јајце

Постапка:

Соединете ги состојките и оставете ја смесата да отстои неколку часа. Маската нанесете ја на чиста, влажна коса и оставете ја да делува 15 минути. Исплакнете со ладна вода.

Пивото можете да го ставите во шише со прскалка и повремено да нанесувате на косата. Кога течноста ќе испари, остануваат протеини кои и го враќаат сјајот на косата.

Write A Comment