Art & Crafts

Направи сам: обратна плетенка

Обратната плетенка станува се повеќе полуларна и иако изгледа како тешка за правење, тоа воопшто не е така.

Како што кажува и самото име, треба само да го смените правецот на обичната плетенка. Еве и еден туторијал кој ќе ви помогне сами да си направите обратна плетенка.

obratna-pletenka2

Инструкции: Предниот дел од косата поделете го на три прамени. Почнете да ја плетите косата, но наместо да ги префрлувате прамените над средниот прамен, префрлете ги прамените под средниот прамен.

Откако сте го направиле тоа два/три пати, земајте прамени од секоја страна и продолжете да плетите. Постапката е иста до крајот.

Може да ја оставите така или пак како во нашиот пример, да направите прекрасна фризура од неа. Треба само да ја завртите плетенката и да направите пунџа од неа и да ја прицврстите.

obratna-pletenka3

obratna-pletenka4

 

Write A Comment