Art & Crafts

Направи сам: Спреј против непријатниот мирис во ВЦ школката

Изработката на овој спреј е брза, едноставна и евтина, а дава и одлични резултати.

Потребни состојки:
  • 50 мл медицински алкохол
  • 300 мл вода
  • 40 капки етерично масло
Начин на изработка:

Ставете ги алкохолот и маслото во шишенце со пумпа и протресете. Потоа додајте ја и водата. Попрскајте од ова средство на излегување од тоалетот. Секогаш протресувајте го шишето пред употреба.

Write A Comment