Налетавме на една неверојатно добра идеја односно како да си направиме алка – панделка од парче кожа. И едноставно не можеме да не ја споделиме со вас. Изгледа мошне ефектно и фенси и на рака ќе стои одлично како во комбинација со фармерки и топ, така и со вечерно секси фустанче.
Еве што ви е потребно:
– Парче кожа со димензии околу 22*10 см,
– Ножици,
– Лепак за кожа,
– Игла и конец,
– Тик так копче,
Ако ги имате материјалите останува само да ги следите инструкциите од фотографиите во галеријата!








