Убавина

Нашминкајте се со прстите

Иако најлесно е да се нашминкате со помош на апликатори прстите можат да бидат одлична алатка зашминкање.

Пудра – Иако сунѓерчињата наголемо ја олеснуваат оваа работа,многу жени течната пудра и понатаму на јанесуваат со прсти. Со прстите пудрата нанесете ја на челото,носот,образите и брадата. На јагодите размачкајте ја подлогата од средината кон работ на лицето,особено внимавајќи на подрачјето околу носот,ушите и коренот на косата.

Руменило – Доколку се одлучите за кремасто или руменило во стик,можете сосема убаво да го нанесете со прстите и тоа тапкајќи со врвовите на прстите на јагодичната коска. Руменилото убаво размачкајте го кон слепоочниците за да добиете иста боја без силни краеви.

Сенка – Со малку пракса сенката многу лесно ќе ја нанесете со прстите. Одлучете се за кремасти сенки кои ќе ги нанесете со лесно тапкање со прстите најпрво на средината на капакот а потоа да се размачка кон краевите.

Кармин – Ако се одлучите за карминот да го нанесете со прсти тргнете од средината на устата и движете се кон рабовите. За разлика од карминот некои сјаеви се предвидени за нанесување со прсти.

 

Напиши коментар