← НАЗАД НА БОЗА

Научно докажано ! Децата даваат смисла на животот!

Научно докажано ! Децата даваат смисла на животот!
417 Читања

Децата не секогаш не прават среќни…но сите се согласуваат дека тие мали луѓе даваат неизмерна смисла на животот!!!

Научниците за прв пат му докажаа и покажаа на светот дека личностите кои се во брак и кои имаат семејство и покрај сите животни препреки се многу посреќни и позадоволни во животот. За разлика од нив, оние без семејство и деца и разведените, ја вреднуваат смислата за живот, многу помалку на скалата на животните вредности.

Во истражувањето биле вклучени 80.000 личности. Едно од прашањата на кое од сите се очекувало одговор било „Дали се денес се чувствувате посреќни од вчера и дали денес вашиот живот вреди повеќе од вчера ?“.

Прашањата се бодувале од 1 до 10.

Личностите кои имале семејство и деца го бодувале своето задоволство и среќата исто како и оние кои немале деца. Меѓутоа најмала оцена за вредноста на животот давале оние кои немале деца, а најголема оцена давале оние кои имале 2 или повеќе деца.

“Резултатите јасно покажуваат дека иако присуството на деца не го менува животното задоволство, децата со себе носат похрабра и поголема смисла за животот„ – завршува Марк Синсер директор на истражувањето.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk