Bridal

Не е сеедно: Како датумот на венчавката го одредува текот на бракот!

Датумот на кажување на судбоносното ДА- може да го одреди текот на брачниот живот и да влијае на иднината на брачниот пар, тврдат нумеролозите.

Венчавка

Сите одлуки кои младите парови ги донесуваат во врска со нивниот иден, заеднички живот се многу важни. Тоа важи и за оние, на прв поглед неважни детали кои многу можат да влијаат на квалитетниот живот. И нивните датуми на раѓање нешто откриваат.

Така личностите родени на 3, 12, 21 или 30 се многу страствени и љубопитни. Иако се пожртвувани и предадени на семејството, кога тогаш не гледаат ништо лошо во неверството спрема партнерот.

Луѓето родени на 1, 10, 19 или 28 во месецот се многу пријатни и способни силно и верно да го сакаат партнерот. Склони се кон менување на симпатиите, но кога ќе најдат траен партнер, многу се приврзани.

Родените на 4, 13, 22 и 31 било кој месец сјајно се согласуваат, а родените на 2, 11, 20 и 29 се многу сензибилни и чувствителни, па психолошкиот аспект на врската е неспоредливо поважна од сексот.

Одлуката која се донесува на одредувањето на датумот на венчавката исто така не е за запоставување. Нумеролозите тврдат дека токму датумот кој младите ќе го изберат за изрекување на судбоносното ДА може прилично да го одреди текот на нивниот иден брачен живот.

За да го откриете својот нумеролошки број, соберете ги цифрите на датумот на венчавката. Така што ќе добиете едноцифрен број од еден до девет. Ако сте во брак, овој резултат исто така може да ви биде корисен и да ви даде увид во вашиот брачен живот од сосема нов агол.

Пресметка: Соберете ги цифрите на датумот и собирајте понатаму додека не добиете едноцифрен број.

На пример, ако датумот е 28. 5. 2005. (28+5+2005=2+8+2+0+0+5=22=2+2=4), вашиот број е 4.

Write A Comment