Луѓето кои за појадок јадат храна богата со белковини, како на пример јајца, а ги редуцираат јаглехидратите имаат за 28 проценти поголем ризик фактор за развој на срцеви заболувања.
„Студијата е сигурно лоша вест за оние кои се на високопротеински диети, подолго време и за сите они кој милуваат да појадуваат јајца„ – истакнува Pagona Lagiou врвен светски нутриционист.
Едно јајце содржат 6.5 грама белковини, 1,7 грама заситени масти. Содржи високо ниво на холестерол, кој може да ги затне крвните садови а со тоа огромен ризик фактор за срцеви заболувања. Јајцето е богато со витамин Б2( рибофлавин), витамин Б12, витамин А и низа други витамини и фолна киселина. Но сите овие позитивни состојки кои ги има едно јајце ја губат својата ефикасност доколку се консумираат како прво јадење. Појадокот не е време за да се внесат толку битни елементи за нашиот организам бидејќи тој нема толкав капацитет да ги искористи, ги таложи а нивното таложење доколку не се потроши како енергија се претвора во лош холестерол.
Летото и високите температури придонесуваат негативниот ефект од појадување јајца да биде уште поголем. Таложењето е побрзо а во исто време и пострашно.
Затоа пробајте за појадок да ги вклучите млечните производи со низок процент на масти, јадете житарици во комбинација на многу овошје или зеленчук.
