Здрав сон, пиво, кафе… ова се дел од народните лекови против мамурлук.
Но, британски научници предупредуваат дека сонот по употреба на алкохол му штети на здравјето.
Кога ќе заспиеме, а сме пијани чувствуваме недостаток на воздух и отежнато дишење. Сонот не е мирен и се будиме од време на време.
Алкохолот за неколку пати го намалува квалитетот на здравиот сон. Тој не приспива, па многу луѓе го користат како превентива за полесно заспивање.
Сепак со овој начин можеби побрзо ќе заспиете, но сонот ќе биде квалитетен само во првите часови од ноќта.
Мирниот сон е многу важен за мозокот, бидејќи освен што ни помага да бидеме свежи и одморени, ја засилува и нашата меморија.
