Motherhood

Не правете го ова пред детето!

Основата на воспитувањето на детето е примерот од родителите. Децата апсобираат како сунѓер се што ќе видат и слушнат од родителите. Затоа внимавајте како се однесувате  пред нив – тоа може да остави убави спомени или трајни психолошки штети .

Една голема траума за детето е да биде сведок на кавги и расправии или пак во најлош случај физичко насилство.  Ваквите скандали се опасни и оставаат трајни последици кај детето што ќе имаат влијание во текот на целиот негов живот.  Обидете се да се стрпите барем до моментот кога ќе останете на само, без опција детето да слуша.

Другата крајност е претераната интимност што исто така се одразува лошо на психичкото здравје кај детето. Не си дозволувајте повеќе од бакнеж и прегратка пред детето, а сексуалноте контакти оставете ги за моментите кога детето не е дома или е во длабок сон во неговата соба.

Претераната интимност може да го збуни и изненади детето. Кога сето тоа е во рамките на нормалното, детето учи полесно да ги изразува чувствата, да биде комуникативно и сл.

Ако сакате да сте добри родители, исчистете го речникот од нецензурирани зборови. Заборавете и за другите пороци – пушење и пиење, барем не пред детето. Не го претварајте во пасивен пушач и иден алкохоличар.

Не лажете. Како иначе ќе го научите детето дека лагата е нешто лошо? Особено е многу важно да не лажете други луѓе во присуство на детето. Прво ризикувате детската чесност да настапи и да ве издаде, а уште поважно е што ризикувате детската чесност после извесно време да исчезне.

Write A Comment