Дестинации

Не пропуштајте – убавината која Ви го одзема здивот… Алберта, Канада

Ако сакате да ја почувствувате природата одблизу, во нејзините совршени димензии и ако повеќе Ве задоволуваат природните креации отколку грандиозните градби, упатете се кон Алберта, Канада.

Алберта е една од десетте провинции во Канада. Се наоѓа во западниот дел на Канада, а името го добила по ќерката на кралицата Викторија, Луиза Каролина Алберта…

Во најголем дел, провинцијата ја сочинуваат рамнини и благи ридови. Западно, во помал дел можат да се видат и планински венци, а она што ќе Ви привлече најмногу внимание се големиот број реки и езера…

И покрај едноставноста која Ви го нуди ова место, Вие повторно ќе сакате да се вратите…

Ќе станете зависни од чистиот воздух, извонредните глетки и одличната шанса да ги „наполните“ Вашите тела со здравје…

Напиши коментар