Убавина

Нега на вашите усни

Усните се често изложени на надворешните услови. Особено лошо влијание на нив имаат студот и ветерот. Тие понекогаш може да доведат и до пукање на усните, непријатно чувство, а понекогаш и болка.

За да не си го дозволите тоа оваа есен заштите ги усните навреме. Секогаш пред да излезете ставете балсам на вашите усни.

Кога сте дома ставете тенок слој на мед. Оставете нека делува неколку минути.

За да направите пилинг на усните со четката за заби, која претходно ќе ја ставите под млаз врела вода, нежно поминете по усните. На тој начин ќе го тргнете слојот од мртви клетки.

За да ги омекнете усните исто така може да ставите и тенок слој на путер. И тој исто така има ефект на омекнување.

Напиши коментар