Камилицата отсекораш спаѓала во лековити билки, делува смирувачки, опушта, а истото мошже да го направи и за вашата кожа. Таа е антисептик, го смалува стресот, делува против воспалително и ја намалува алергијата. Не се препорачува за користење во првите 3 месеци од бременоста.
Погледнете неколку третмани кои можете да ги припремите дома.
Опуштање на очите
При надразнетост, црвенила на очите и подочници – Изладете 2 кесички чај, замотајте ги во газа и савете ги на очите. Држете неколку минути. Резултатот е сигурен.
Мирисна купка
Од камилица можете да направите мирисна купка, а вашата кожа и вашите сетила ќе се опушат и ќе ви се хидратизира кожата. Наполнете вреќичка од памук или лен со свежо исушени листови и цветови од камилица. Ставете ја врз славината а водата низ врќичката ќе ја исполнува кадата, со мирисната купка.
Регенератор за плава коса
Се меша маслиново масло и суво цвеќе од камилица. Се користи ¼ до ½ шолјичка, цветови од камилица во маслиново масло, се остава да стои цветот во маслото 3 седмици, во затворен сад со поклопец, на топло место и барем еднаш да се промеша. После 3 седмици се цеди од маслото и се става во темна стаклено шише.
Уживајте во масажа од камилица
Масажата е многу важен дел од секој здравствен режим за убавина, помага при одржувањето на цврстината на кожата и намалувањето на целулитот, а ја ревитализира циркулацијата и станиците на кожата. 100 мл бадемово масло, 30 мл масло од јојоба, 10 мл масло од лешник. Се користат само ладно пресовани масла, а се додава 2 мл. етерично масло од камилица. Се промешува смесата во темно шишенце и се масира 1 седмично.
