Кожата е голем хит оваа сезона, и навистина е еден од најпрактичните зимски трендови, кои лесно се комбинираат и уште поубаво изгледаат. По кожните хелнаки и панталони, на сцена стапија и кожните здолништа во сите должини и форми.
Идеален избор се како за секојдневните прилики така и за оние посвечените, а убаво се комбинираат со џемпери, обични памучни кошули, свилени блузи и најдобро од се со тексас или карирани кошули.








