Ако сте решени да ги задоволите и воодушевите гостите и домашните, тогаш обидете се сè да биде совршено, па свечената трпеза сервирајте ја како што доликува. Погледнете ги нашите предлози.

За двајца
На масата покрај приборот ставете и свеќи во боја која се вклопува со пејзажот. Нека бидат со различни форми, а во чиниите ставете шишарки или интересни украси. Подароците ќе и дадат дополнителен шмег на трпезата.

Сјај
Пред сервирање наберете листови кои ќе ги испрскате со златен сјај. Искористете ги за декорација на трпезата. Приборот украсете го со машна, а можете да додадете и лампиони како украс на масата.

Капучино
Во оваа опција бидете крајно креативни. Свеќите нека бидат вашиот главен аргумент за сјајна трпеза. Бирајте традиционални, кружни и со многу светки.
