Секоја вечер мајките си легнуваат исцрпени и свесни дека и следниот ден ќе го прават истото. Сепак, за извршување на мајчинските должности не е потребна некоја посебна мотивација – еден поглед на вашето најмило е доволен за да сватите колку смисол има во секоја извршена задача.
Прочитајте ги ове мудри и духовити цитати за мајчинството, издвоете го својот омилен и сетете се на на него секогаш кога ќе почувствувате дека ви е тешко, а очите на вашето најмило не се во близина.
“Да донесете одлука да имате дете – тоа е важно. Тоа значи да донесете одлука вашето срце засекогаш да биде надвор од вашето тело”, Елизабет Стоун
“Мајчините раце се поутешни од било кои други”, Принцезата Дајана
“Мајчинството е експеримент за тоа колку долго телото може да функционира без сон, управувано само од адреналин, кофеин и насмевката на бебето” Непознат автор
“Мајката секогаш мора да мисли два пати: еднаш за себе и еднаш за своето дете”, Софија Лорен
“Да бидете мајка значи да учите за силата која не сте знаеле дека ја имате и да се носите со стравовите за кои не сте знаеле дека постојат”, Линда Вутен
