Раните пролетни денови се најнепредвидливи кога станува збор за временската прогноза, па затоа и нашата облека е непредвидлива. Во вашиот гардеробер треба да имате неколку парчиња кои се одлични и за топлите и за ладните денови, а сепак да изгледате тренди и со стил.
И оваа сезона кошулите се во центарот на вниманието , кога се работи за модниот стил кај женскиот пол.
Без разлика на моделот и материјалот секоја кошула дава дополнително освежување како на дневнот така и на ноќниот стаилинг кај жената. Ова парче облека им дава на жените висока отменост, елеганција и женственост.





