Motherhood

Неколку предрасуди за единците: Не сите се разгалени и себични

Привилегија е да се биде едно дете во семејството, но и товар да се постигнат сите очекувања кои ги имат родителите.

Основен синоним за единец е разгаленоста.

Дали навистина е така?

Не сме секогаш разгалени

Точно е дека сме имале цело внимание од нашите родители и поширокото семејство и сме добивале сè, но и нашите родители знаеле да кажат не!

Не сме себични

Доколку едното дете немало со кого да ги дели своите играчки, својата соба дури и своите родители незначи дека нема чувство за другиот. Себични можат да бидат и оние кои имаат браќа или сестри, тоа не зависи само од бројот на деца во семејството, туку од самото дете, начинот на воспитување и дружењето со врсниците од најмала возраст.

Можеме да работиме

Предрасудата дека единците не работат е поврзана со разгаленоста, со што од единицата се очекува дека ќе го пролонгира времето за започнување на работа и ќе ги користи финансиите на мама и тато сè додека може. Не е секогаш така! И единците знаат да работат и да прифатат работа која не им е во моментот по желба.

Знаеме да се дружиме и да подадеме рака!

Ова е контрапредрасуда! Не е точно дека единците поради себичноста не умеат во друштво, секогаш се затворени или фалбаџиски настроени. Единците како и другите личности можат одлично да се вклопат во друштво, дури и да помагаат многу повеќе од другите. Тоа го прават понекогаш и нагласено со цел да добијат внимание, барајќи ги своите неродени браќа и сестри.

Не сме само привилегирани со тоа што сме единствени во семејството!

Одлично е да го добивате целото внимание од потесното и поширокото семејство. Но, кога ќе дојдат на грб сите очекувања, желби и одговорности како единствениот во семејството, ќе разберете дека не е баш лесно да се биде единец!

 

Write A Comment