Здраво тело

Неколку природни методи за лекување на синузитис

Колку пати сте посегнале по „готов“ лек кога носот ви е затнат поради настинка или алергии?

Многу од нив се во потрага по брзи и едноставен природни решенија за овој незгоден проблем, но во брзината на животот не наоѓаат време да најдат квалитетни и докажани методи.

Затоа за вас откривме природни и ефикасни средства со кои лесно ќе ги исчистат синусите и носот.

Изберете топли или ладни облоги, инхалации, чаеви и други методи со кои повторно нормално ќе дишете.

Топла крпа

Топлата крпа може да ви ја ублажи главоболката поврзана со синузитис.

Потопете ја крпата во топла вода, добро исцедете ја и натопете на неа неколку капки масло од еукалиптус и ментол.

Ставете ја крпата додека е уште топла преку челото и носот.

Топлината добро ќе ви дојде, ќе ви ги навлажни носниците, а така ќе ви ја ублажи болката и притисокот во синусите.

Истата постапка можете да ја направите и со сува крпа која претходно сте ја загреале на радијатор (пред тоа добро исчистете ја површината на која ќе ја загревате крпата).

Кога е загреана, натопете ја со малку еукалиптус и ментол, а потоа ставете го преку челото и носот.

Доколку крпата е премногу топла, почекајте малку да олади.

Ладни облоги

Додека на едни им се помили топлите облоги, на другите им се ладните облоги.

Пробајте ја и оваа метода.

Земете од ладилник смрзнат грашок или друг зеленчук.

Замотајте го смрзнатиот зеленчук во крпа или пешкир, а така импровизираната облога ставете ја на челото. Држете така неколку минути.

Ароматска инхалација

Вдишување на пареа со збогатени етерични масла во голема мера ќе ви помогне при отворање на синусите.

Етеричните масла поседуваат природни состојки кои помагаат при прочистување на носниците.

Тие имаат и анти-бактериски и анти-вирусни својства, кои го забрзуваат закрепнувањето од инфекции.

Во текот на инхалацијата молекулите на етеричните масла низ носниците ќе навлезат до синусите, ќе ја растворат слузта и ќе го олеснат нејзиното излачување.

Постапка :

  1. Загрејте 2-4 дл. зовриена вода,
  2. Во врела вода капнете 3-4 капки од етерично масло (немојте да ставате повеќе масло, за да не биде пареата „преостра“).

Масла со најсилни деконгестивни својства (спречуваат таложење на слузта) се ментол, еукалиптус, жалфија и чајно дрво.

Можете да го примените само ментолот или било која комбинација од наведените масла.

Наслонете се над садот, прекријте ја глават со крпата и вдишувајте ја пареата.

Во текот на целата постапка внимавајте на температурата на водата – пареата не смее да ве пече додека се инхалирате.

Почекајте доколку водата е многу топла.

Држете ги очите отворени и дишете исклучиво низ носот.

Ако пареата премногу ви ги надразнува носниците, повремено дигнете ја крпата и вдишете свеж воздух, а потоа вратете се на инхалацијата.

Чајна инхалација

Бидете креативни и затоа сварете чај од ѓумбир, ментол, жалфија или камилица. Можете да сварите и смеса од чаеви.

По зовривањето, во течноста ставете три до пет капки етерично масло

Овој чај не е за пиење, туку за инхалација.

Комбинацијата од лековити билки и етерични масла е природно средство кое делува во отворање на дишните патишта.

Чај од ѓумбир

Ако имате затнат нос, можеби ќе ви помогне и самото пиење на чаеви.

Ви препорачуваме чај од ѓумбир.

Одличен е за ослободување на затнат нос и синуси, како и за ублажување на главоболки поврзани со воспаление на синуси.

За лековитоста на ѓумбирот заслужна е активната состојка, гингеролот.

Лутиот вкус на овој чај ќе ви ги загрее носниците и синусите, но и ќе го поттикне разредувањето и излачувањето на слузта.

Подготовка :

Исечкајте корен од свеж ѓумбир, загрејте вода и тргнете го котлето од огинот пред вриење.

Внесете по една лажичка изрендан корен од ѓумбир на 2 дл. вода.

Оставете го да отстои 10-15 минути. Пијте во текот на денот.

Свежиот ѓумбир е толку богат со активни состојки, што истите може да ги искористиме уште два-три пати за подготовка на чајот.

Прелијте ги само со чаша вода, загрејте, оставете да отстои десетина минути и испијте го.

Топли напитоци.

Во борбата против затнат нос може да ви  помогнат и другите чаеви и топли напитоци .

Послужете се со чај од нане, камилица, жалфија и зелен чај, а ќе ви помогне и топла домашна супа.

Во една студија, членовите на групата кои пиеле топол чај изјавија дека тие се чувствуваат подобро од членовите на групата која доби млаки пијалаци.

Експертите претпоставуваат дека чувството на олеснување придонесе за вкусот на топол чај и  прочистување на грлото од бактерии и вируси, а тоа го забрза опоравувањето.

Лук

Ако сте настинати,  откријте ги придобивките од уште една намирница.

Лукот има антибактериски и антифунгални својства кои го прават корисен кај голем број на болести, а  одличен е и како превентива.

Бидете храбри и јадете дневно 1-2 чешниња лук, со интегрален леб.

Грицкајте го полека и на секој залак леб додадете му лук  .

Тој ќе предизвика солзи, а со нив ќе ја поттикне секрецијата на слуз од синусите.

Ако ви е тешко да го поднесете лутиот вкус на лукот, посегнете по додатоци на храна со алицин, кој е активна супстанција во лукот.

Препорачаната доза е 600-1200 мг на екстракт од лук дневно. Најдобро е да се подели во две дози.

Истражувањата покажаа дека волонтерите кои земале лук  12 недели во текот на сезоната имале пониска стапка на настинка, отколку оние кои не земале.

Испирање со солена вода

Набавете „Нети“ тенџере, исто така познато под англиското име rhino horn (носорогов рог).

Тоа е пластичен или метален сад како мал чајник или  Аладиновата ламба.

Истурете топла вода до врвот на садот и додадете во неа една лажичка морска сол (одлична е хималајската, ситно мелена сол).

Вметнете го вратот на садот во ноздрата и нека водата помина низ него и истече од другата ноздра во мијалникот.

Кога ќе се потроши околу половина од  водата, ставете го вратот на садот во другата ноздрва и  повторете го процесот.

Направете го ова три пати на ден – наутро, попладне и навечер.

Топлата солена вода ќе ги прочисти ноздрите и синусите, ослободувајќи ги од слуз, бактерии и нечистотии.

Бидете внимателни водата да не биде премногу топла, во спротивно ќе и наштетите на слузницата

Напиши коментар