Здравјето е нашето најголемо богатство кое за жал не го чуваме како што треба. Погрешните информации кои поради народните верувања, се имаат врежано како општоприфатени факти. Ајде да видиме колку вистина има во најчестите митови поврзани со здравјето.
Не смее да се мешаат антибиотици и алкохол.
Вистината: Поради можното чувство на тегоби пожелно е да се избегнува конзумирањето алкохол за време на терапија со антибиотици. Но, нивното делување нема да се намали поради пијалакот внесен во организмот. Овој мит најверојатно потекнува од податокот дека алкохолот го намалува дејството на некои лекови, додека некои можат да го забрзаат и процесот на опијанување. Но, ова не важи за антибиотиците.
Со миење на забите по јадењето слатки се спречува создавањето кариес.
Вистината: Забите никогаш не треба да се мијат веднаш по слатко или кисело јадење. Тогаш доаѓа до привремено омекнување на глеѓта и нивното миење во тој период може да доведе до симнување на заштитниот слој. Почекајте барем еден час по оброкот, па потоа измијте ги.
Дебелината е резултат на спор метаболизам.
Вистината: Спориот метаболизам е само изговор за дебелината. Имено, дебелите луѓе дури имаат и побрз метаболизам, бидејќи им се потребни повеќе калории за секојдневното одржување на организмот. Како што телото слабее, така му се потребни помалку калории за дневните потреби.
Мит: Со здрава исхрана се намалува холестеролот.
Вистината: Иако урамнотежената исхрана богата со овошје и зеленчук е неопходна за одржување на здравјето на организмот во целина, таа не може значително да влијае на намалувањето на нивото на холестеролот. Најдобриот резултат на намалување на холестеролот преку здрава исхрана изнесува само 10%. Пред се, нивото на холестеролот е генетски предусловено.
Внесувањето на преголеми количини шеќер може да предизвика дијабетес.
Вистината: Дијабетесот не го предизвикува внесувањето на преголеми количини шеќер, туку неможноста на панкреасот да произведе доволно инсулин со кој се контролира нивото на гликоза во крвта. Но, прекумерната тежина може да влијае на дијабетесот.
Ракот на белите дробови е болест на пушачите.
Вистината: Точно е дека пушењето е главен причинител на ракот, но еден од осум заболени од овој облик на рак никогаш не пушеле, ниту па биле пасивни пушачи.
