Недоволно силниот карактер, главната мака на оние кои се обидуваат да изгубат тежина или да се откажат од пушењето, може да стане минато со помош на омилената ретро игра.
Според новото истражување, играњето Тетрис само три минути може да ја намли желбата за оние работи од кои сме зависни за дури една четвртина.
Визуелната стимулација која оваа игра ја овозможува предизвикува “зајакнување на волјата”, тврдат психолозите од Институтот на Универзитетот Plymouth. Тие објаснуваат дека едноставното редење на блокови кај луѓето кои се борат со држење диета или откажување од пушење може да овозможи “брз и едноставен” недостаток:
Епизодите на желба нормално траат само неколку минути, а за време на тоа личноста визуелизира што сака и наградата која тоа со себе ја носи. Често тоа резултира со тоа лицето да попушти и да го конзумира точно она на кое се обидува да му одолее. Но, играјќи Тетрис во кратки интервали спречувате мозокот да создава слика која ве тера на грев. А, без него желбата исчезнува”, порачуваат психолозите.
Сето ова звучи премногу едноставно за да биде вистина, но пак е доволно едноставно и вреди да се проба.
