Bridal

Непријатности што може да ви се случат на венчавката

При организирање на венчавката во морето од обврски, обично нешто мора да тргне „наопаку“. Откријте ги најчестите непријатни ситуации што може да ви се случат и научете како да се изборите со нив. 

1. Се појавил гостин што не го потврдил присуството или дури и не бил поканет.

За да не се случи ова, најдобро е во планерот да ги ставите и потенцијалните „неочекувани гости“, можност за дополнително да платите место и за нив. Некои младенци дури ангажираат лица што ќе го проверат доаѓањето на сите поканети од списокот. Така тие тактично ќе им објаснат дека меладенците не ги очекувале и дека нема место за нив.

2. Пијан гостин 

Сите имаме некоја роднина што понекогаш ќе се напие премногу. Ако вие немате таков во своето семејство, веројатно го има вашиот иден сопруг. За да избегнете непријатна ситуација, но и стрес, дискретно предупредете ги „проблематичните“ гости дека сакате да уживаат, но не и да прават проблеми.

3. Поканување на поранешниот на свадба.

Ова никогаш не е добра идеја. Без оглед на тоа дали сте во добри односи со него, неговото присуство може да го расипе тој ден на вашиот сопруг или на некој член од семејството, што сигурно не го сакате тоа.

4. Канење гости со деца.

Ова знае да биде многу непријатно. На пример, ако сакате да поканите некои пријатели, а не сакате нивните мали деца да дојдат, или пак сакате да ја поканите најдобрата пријателка на мајка ви, но не и нејзиниот син што живее со неа, бидете јасни во текстот на поканата.

5. Семејни караници.

Постојат членови на семејството што никогаш нема да ги разберете и кои секогаш може да предизвикаат тензии и да направат скандал. Договорете се со својот сопруг дали ќе ги поканите нив или не. Ако ги поканите, а постојат нерешени несогласувања, држете дистанца. Ако пак меѓу нив постои караница, сместете ги одделно и што подалеку еден од друг.

6. Распоред на седење на разведени родители.

Ако родителите ви се разведени, а вие знаете дека добро ќе се однесуваат и ќе ги остават своите расправии на страна барем тој ден, тогаш оставете ги на иста маса. Но, ако кој било од нив е во нов брак, добро би било да ги раздвоите.

Напиши коментар