Дестинации

НЕВЕРОЈАТЕН револуционерен дизајн: Раскошен 5 ѕвезден „cave“ хотел кој се гради веќе 2.5 години во напуштен кинески каменолом

Два од 19-ката на хотелот се градат под вода, а ќе бидат аквариум со стаклени ѕидови. Другите 17 ката ќе бидат изградени во пештера, во подножјето на планината Tianmenshan. Британската дизајн фирма зад плановите и тврдењето вели дека хотелот ќе биде само 15 метра над земја и длабочина на 100 метри.

CAVE хотелот во округот Songjiang е дизајниран од страна на британската фирма Аткинс и ќе има 380 соби на 19 ката од кои два ќе бидат под вода. Остатокот на хотелот Интерконтинентал Shimao ќе биде изграден во планински пејзаж и гостите ќе бидат во можност да уживаат во спортови на вода на езерото и да ги користат околните карпи за качување на карпи и bungee jumping.

Изградбата трае околу три години и ке биде пуштен до крајот на оваа година.
Гостите ќе можат да престојуваат во ресортот од почетокот на оваа година. Една ноќ во овој ресорт ќе чини околу 300 долари. Хотелот ќе го носи името Intercontinental Shimao Shanghai Wonderland и веќе е избран во топ 10 подводни луксузни хотели од целиот свет.

Првичниот проект за изградба на хотелот бил 345 милиони американски долари, а до сега се потрошени неверојатни 555 милиони. Фирмата Shanghai Shimao Property Group е инвеститор на целиот проект.
Shimao-Songjiang-Quarry-Hotel-Wonderland-WaterWorld-by-Atkins-001

https://www.youtube.com/watch?v=3r-YLveSL2k

 

Напиши коментар