Како што веќе сите ние добро знаеме впечатливата декорација е топ тенденција што се однесува на маникирот, па секако тоа е актуелно и за невестинскиот маникир. Она што најчесто го среќаваме е цветна декорација во понежни пастелни бои на прозирна основа, но секако францускиот маникир си го задржува своето место како класичен и добар избор.
Во однос на формата ќе можете да изберете помеѓу коцкаста и заоблена форма, а должината најчесто е средна или изразено долга.














