Нежноста на рацете можете да ја одржувате на многу лесен и економичен начин, без употреба на разни препарати кои се нудат на пазарот. Кога правите пире од компир едноставно намачкајте ги рацете со смесата пред да додадете што било во пирето. Оставете да дејствува неколку минути и потоа рацете прво измијте ги со млако/жешка вода а подоцна со ладна. На крај рацете добро истријте ги со сок од лимон. Лимонот ќе ги тргне сите незгодни мириси, а рацете ќе ја добијат потребната нежност и мекост.
Испробајте го овој неверојатен начин и гарантирано ќе добиете ефект како да сте ги третирале рацете со скапа крема.
