Она што може да се забележи уште на прв поглед е нежната нота која доминира кај сите креации, но и белата боја која дополнително го истакнува нејзиниот стил. Можат да се видат и неколку модели во нежно жолта, пастелно розова и сина боја.
За оние што не се љубители на долгите венчаници има и неколку модели на куси, така што Моник сакала да ги опфати речиси сите вкусови и типови на невести.
Од материјалите доминира тантелата и тулот.





