← НАЗАД НА БОЗА

Нов начин на печење компири

Нов начин на печење компири
809 Читања

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 кг млади компири (не многу ситни)

* малку маслиново масло

* малку крупна морска сол

* малку црн пипер

* (други зачини по желба)

* 100 гр кисела павлака (по желба)

* 2-3 млади кромидчиња (по желба)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Убаво измијте ги компирите (немојте да ги лупите) и ставете ги да се варат во вода со 1 рамна кафена лажичка сол.

2.Кога ќе зоврие водата, варете ги уште 10-15 минути, или додека не омекнат (ако ги боцнете со вилушка, таа треба лесно да пробие).

3.Во меѓувреме, вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Кога компирите ќе се сварат, ставете ги на тавче покриено со хартија за печење или намачкано со маслиново масло.

4.Смачкајте го секој компир со алатката за правење пире (или просто со вилушка), а потоа посипете со малку крупна сол, црн пипер и било кој друг зачин кој го преферирате (ние задолжително користиме мајчина душичка со компири).

5.Испрскајте го секој компир со уште малку маслиново масло одозгора и ставете ги да се печат околу 20-25 минути.

6.Забелешка: можете да ги послужите со малку павлака и сечкани зелени перца од млад кромид.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk