Мадрид е главен и најголем град на Шпанија. Се наоѓа во центарот на државата, во Кастиља, на бреговите на реката Манзанарес.
Се простира на површина од 607 квадратни километри, а во Мадрид живеат околу 3 200 000 жители. Со околината овој број се зголемува на речиси 5 милиони луѓе. Мадрид е економски, политички и културен центар на Шпанија. На подрачјето на Мадрид преовладува континентална клима, со топли и суви лета и студени зими.
Историјата на Мадрид започнува во средината на IX век, кога на местото на денешната кралска палата се наоѓала тврдина изградена од Маврите. Првобитниот назив на тврдината бил Магерит, потоа била наречена Мадшрит, а од 1038 година го носи името Мадрид. Од XIV век Мадрид станува еден од центрите на Шпанија, а неговото вистинско искачување започнува од средината на XVI век. Тогаш станува и главен град на Кралството, и тој статус речиси никогаш не се менува. Од XIX век Мадрид станува средиште на бројни превирања во Шпанија, почнувајќи од Наполеоновите војни, па до граѓанската војна која се рашири низ цела Шпанија.
Денес Мадрид е еден од најразвиените градови во светот, и е многу поуларна туристичка дестинација. Бројните атракции се причина за милиони туристи од целиот свет да го посетат Мадрид секоја година.
Дочекот на Новата Година во Мадрид е навистина спектакуларно доживување. Ве охрабруваме тоа да биде вашата дестинација за крајот на оваа година.



