Мода

Новите фустани на Долче и Габана

Минатиов викенд Доменико Долче и Стефано Габана претставија уште една модна магија што ги освои срцата на сите припаднички на понежниот пол. На зајдисонце на обалата Портофина, беа презентирани најновите раскошни креации од висока мода. На престижниот настан присуствуваа гости од целиот свет кои пристигнаа со луксузни јахти. Инспирацијата е судирот меѓу реалноста и фантазијата, а познатото модно дуо тоа го долови на маркантен начин.

Акробатски точки, звук на харфа и магичниот поглед на песочните плажи, овозможија шоу за паметење. Манекенките претежно носеа богати корсетирани фустани со принт мотиви во различни бои. Не се сомневаме дека многу од богатите клиентки веднаш посакале да ги пробаат овие неверојатни фустани.

5

6

7

8

9

10

11

Write A Comment