ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1,5 килограми компири
* 250 грама маслинки
* 300 грама кисели краставички
* 1 супена лажица сенф
* 1 главица кромид
* 1-2 супени лажици мајонез
* сол и бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете го компирот, потоа излупете го, исечете на коцки и почекајте да се олади. Додадете ги ситно исечканите маслинки и краставички. Сол и бибер додадете по вкус. Кромидот исечкајте ги ситно и додадете го во садот со останатите состојки.
Сенфот и мајонезот измешајте ги во посебен сад до соединување. Потоа додадете ги кај останатите состојки и убаво промешајте.
Салатата треба да отстои минимум 10 минути во ладилник, а потоа послужете.
