Обликот на телото сличен на крушка може да додаде 10 години на животниот век. За оние кои имаат облик на тело слично на јаболко, вестите не се толку добри, но не треба да очајуваат, бидејќи сите можат да дојдат до потенок струк.
Новото истражување ќе ги развесели жените со поголем задник. Студиите покажуваат дека жените чиј што облик на тело е сличен на крушка (имаат тенка половина и поширок задник), можат да живеат 9,5 до 10 години подолго од оние чие што тело е слично на јаболка (имаат повеќе сало околу половината).
Ова е важно и за мажите, бидејќи оние со голем стомак умираат речиси 17 години порано од мажите кои имаат потенок струк, објавено е на европскиот Конгрес за дебелина во Ливерпул.
Магарет Ашвел, која ја извршила анализата, предупредува дека проблемот не е само во видливото масно ткиво, туку во скриеното, она кое се наоѓа околу внатрешните органи, кое произведува хормони и други работи што го нарушуваат крвниот притисок, холестеролот и нивото на шеќер во крвта. Тоа го зголемува ризикот од низа здравствени проблеми, вклучувајќи ги и срцевите болести, дијабетесот и мозочниот удар.
