Motherhood

Од децатa за родителите: Немојте да не присилувате да…

Знаеме дека сакате да бидеме здрави, среќни и задоволни… Знаеме и дека родителската улога е многу тешка… Сепак, заборавете да не присилувате да:

1. Јадеме ако кажеме дека не сме гладни – Зар не мислите дека кога сме гладни навистина гласно Ви го ставаме тоа до знаење. Дозволете ни да јадеме кога ние ќе посакаме. Можеби на тој начин нема да имаме одбивност спрема одредена храна…

2.Да бидеме нешто што не сме – Ако сум срамежлив, прифатете ја оваа моја особина, наместо да ме терате да се дружам со многу деца.

3.Да се извинам ако не знам за што сум погрешил – Најпрво, објаснете ми каде згрешив и што е тоа што не сум го направил како што треба…

4.Да ме терате да бидам на диета – Ако имам вишок килограми, тоа значи дека имам лоши навики. Место да ме терате да бидам на диета, однесете ме на нутриционист или педијатар. Помогнете ми да стекнам нови навики јадејќи овошје и зеленчук.

5.Да ме терате да бидам добар во нешто што не сум – Ако видите дека после неколку часа клавир сеуште ги немам совладано основните вештини, упатете ме кон нова активност, каде што ќе бидам навистина добар.

Write A Comment