Ова е навистина феноменален проект! Од нешто најобично и секојдневно, со малку работа да создадеш феноменално фенси парче облека.
За целта потребна ви е најобична памучна маичка на која ќе и ги отстраните ракавите и парче чипка по избор, во зависност од бојата на маичката што ќе ја изберете.
Процедурата е едноставна и многу детално опишана со помош на фотографиите кои ќе ги видите подолу. Потребна ви е машина за шиење за порабување и спојување на парчињата.
Навистина одлична идеа! Вреди да се проба!