Motherhood

Од што најмногу се плашат децата?

Стравовите на децата зависат од неколку фактори – возраста на детето, како и фазата на растење во која се наоѓа. Погледнете од што децата најмногу се плашат, во зависност од нивните гондинки. 

До трета година – страв од одвојување од мајката.

3 години – страв од луѓе, маски, страв од темница, животни, полицајци и од крадци.

4 години – страв од гласни звуци: сирена, пожарникар, страв од темница, диви животни, страв од вечерното излегување на мајката.

5 години – се намалува стравот од луѓе, но растат стравовите од повреда, паѓање, кучиња, како и стравот дека мама нема да се врати дома.

6 години – многу плашлив период. Тогаш детето се плаши од звуци (ѕвон, телефон, непријатни гласови). Страв од духови, вештерки, страв од тоа дека има некој под креветот, дека ќе се изгуби, страв од вода, оган, гром, молњи, страв од самотија, страв дека на мама нешто ќе ѝ се случи. Во овој период децата стануваат похрабри кога се во прашање „посериозните“ повреди, но се плашат од трн, исекотини, крв.

7 години – страв од теминца, тавани, подруми, духови и од вештерки. Се јавува и страв од шпиуни, крадци, луѓе што се кријат во плакарот, под креветот… Многу стравови се појавуваат по некои страшни приказни, филмови, по гледање ТВ. Исто така, детето се плаши дека не го сакаат, дека ќе задоцни на училиште.

над 8 години – сè помалку стравови, а детето сè повеќе се плаши од реални, опасни работи и ситуации.

Напиши коментар