Дестинации

Одмор во најлуксузниот хотел во Бодрум

Осмислен до најситни детали, луксузниот хотел и спа Кум во Бодрум нуди нова димензија на летувањето.

Добитник на бројни награди за луксузен сервис и дизајн, хотелот Кум лоциран на самото крајбрежје на турскиот Сен Тропе, Бодрум, располага со 60 раскошни соби од 40, 60 и 80 квадратни метри, секоја со посебен влез со што нуди и голема приватност.

Секоја соба има балкон со фасцинантен поглед на морето, а секој детал е осмислен од врвните светски дизајнери.

Гостите на хотелот имаат можност да уживаат во огромниот спа центар, масажите за релаксација, прекрасниот отворен базен, фитнес центарот и приватната плажа во должина од половина километар.

Хотелот Кум е изграден на 18 километри од градот Бодрум, град во кој секој може да биде среќен на свој начин и кој секој го доживува на посебен начин.

Бодрум е магична дестинација која ги содржи елементите на многу култури што го прави интернационално место за одмор и прошетка. Град со активен ноќен живот, со бројни ноќни клубови и ресторани отворени во текот на целата ноќ, денес еден од најважните трговски центри, но и центар на културата  каде традицијата се спојува со модерниот живот.

Во рамките на луксузниот хотел Кум се наѓа и истоимениот ресторан кој на своите гости им нуди богато интернационално мени, секако и специјалитети од свежа риба и морски плодови.

Во текот на денот, во барот, може да се дегустирааат тропските коктели кои под топлите сончеви зраци дополнително го подгреваат расположението.

Тука никогаш не може да ви биде здодевно, ни миг. И ако денот се мери во часови, тука секоја минута изгледа дека минува побрзо од секунда, со содржина на цел еден исполнет ден.

kum4320

kum876

kum860

kum678

kum655

kum610

kum432

kum339

kum208

kum123

Write A Comment