Некои семејства веруваат дека никогаш не треба да се караат пред децата. Други пак не обрнуваат внимание на ова и избувнуваат во кавга кога и да се јави некое недоразбирање. Но се покажува дека ниту една од овие две екстреми не е многу добра за емоционалниот развој на децата.
Конфликтите и лутината не се лоши. Сосема е во ред детето да се лути, се додека со лутината се справува на конструктивен начин, а родителите се тие кои треба да му помогнат на детето да го постигне тоа. Лутината има своја причина и вредност. Начинот на кој децата се справуваат со овие ситуации е усвоен од однесувањето на родителите. Родителите кои заедно ги решаваат конфликтите на конструктивен начин со цел да ја одржат хармонијата во семејството поставуваат добар пример.
Но семејствата се расправаат на непредвидлив начин, а кога ќе се јави конфликт од нешто што наизглед е ненамерна грешка или мало недоразбирање, децата страдаат. Трескањето врати, непријатната тишина, погрдните зборови или агресивните физички дејствија ја загрозуваат сигурноста на детето, а може да имаат и трајни и сериозни последици.
Кога семејствата се расправаат на ваков начин детето поминува многу време посматрајќи ги членовите на семејството и грижејќи се за нив, наместо да се фокусира на своите „детски обврски“ како играње, учење и истражување. Всушност, децата кои растат со постојани караници можат да развијат симптоми како:
наметливост
бунтовност
несоница (и умор во текот на денот)
навика да бидат гласни со цел да ја победат буката од викање и караници
болки во стомакот
главоболка
цицање на прсти, грицкање нокти или кубење на косата
Истите овие деца поминуваат помалку време со своите родители бидејќи поради постојани караници со партнерот тие немаат доволно енергија за да им се посветат на децата. Често овие родители не се многу фини се своите деца. Во некои случаи родителите го „истураат“ својот бес на своите деца. За многу деца конфликтот е предзнак дека нивните родителите се во лошо расположение.
За да бидете сигурни дека не ги исложувате своите деца на токсични караници следете ги овие совети:
Ограничете го интензитетот или искажувањето на лутина – понекогаш е тешко да не викате, но обидете се да сведете на минимум викањето како експресија на вашиот конфликт. А кога веќе сте се развикале тогаш потрудете се да ги смирите работите со партнерот, така што децата ќе видат хармонијата е одржана и покрај недоразбирањето.
Расправајте се тивко – ако е возможно седнете да го решите конфликтот, бидејќи кагвите во стоечка позиција на децата им изгледаат поагресивни и заканувачки. Избегнувајте премолчување, трескање врати, заминување во сред кавга, погрдни зборови, бидејќи сите овие дејствија покажуваат непочит пред децата.
Држете се на темата – Кога имате расправија за едно нешто не спомнувајте нерешени конфликти од минатото.
Не се обидувајте да докажате дека сте во право – Обидете се да постигнете компромис или решение. Ова е многу подобра опција од тоа да се расправате околу тоа „кој е во право“. Обидете се заедно да пронајдете решение кое ќе биде поволно и за двете страни, наместо да се обидувате да победите во кавгата. Покажете дека ја разбирате гледната точка на партнерот. Можете да климате со главата и да кажете „те разбирам“ или да користите други невербални знаци на одобрување.
Не ја искажувајте лутината со молчење – Децата, дури и оние на предучилишна возраст, можат да ја забележат невербалната лутина. Во некои случаеви ова може да биде повозменирувачко дури и од вербалната лутина. Децата, иако не разбираат што точно се случува, бидејќи не го разбираат ваквиот концепт на лутина, сепак сфаќаат дека нешто не е во ред. Токму поради тоа што не им е јасна ситуацијата, тие можат да си ја претстават многу пострашно одколку што навистина е.
Не ги вклучувајте децата – Децата никогаш не треба да бидат вовлечени во кавга на која било од двете страни.
Понекогаш сложете се дека не се сложувате – Понекогаш навистина не постои решение, па способноста да ги признаете различните гледишта може да постави добар пример за децата. Наместо да се трудите да бидете во право, потрудете се вашето мислење да биде слушнато во расправијата и дозволете му на партнерот исто така да биде ислушан.
Збoрувајте со вашето дете – Понекогаш кавгите се неизбежни, но кога ќе поминат незадолжително споменете му на вашето дете дека недоразбирањето завршило и дека повторно се е во ред. Сепак, доколку ова не е точно, тогаш не го уверувајте вашето дете дека се е во ред. Ова е многу важно. Можете да кажете дека се е во ред се додека на држите лутина. Доколку го уверувате детето деке се е во ред, но тоа може да забележи дека не е само ќе го збуните и ќе го оставите со своите претпоставки.
Децата кои растат во семејства каде кавгите се честа појава учат деструктивни тактики за справување со конфликтите. Затоа пред да експлодирате во бес повторете си во себе дека вие поставувате пример за вашето дете.
