Секоја девојка пред да се омажи треба да има незаборавна моминска вечер. За да биде што поинтересно и на сите да им остане во добро сеќавање, пронајдовме за вас неколку игри што можете да ги организирате за посебната ноќ. Моминската вечер најчесто ја организира кумата, па таа треба да се погрижи малку повеќе околу организацијата.
За првата игра потребно е преку е-мејл да му поставите на младоженецот неколку прашања во врска во неговата свршеница. Тој треба да претпостави што би одговорила неговата идна сопруга, а тогаш поставете ѝ ги и на неа истите прашања за да видиле колку од одговорите ќе им бидат исти.
Организирајте секоја девојка што ќе дојде на забавата да купи пијалак и парче долна облека за идната невеста. Тогаш играјте си со погодување така што идната невеста ќе погодува од кого е секој подарок. За секој погрешен одговор таа мора да се напие голтка пијалак.
Играјте вистина или предизвик како што сте правеле кога сте биле мали, а за победникот обезбедете интересна награда.
Играта „никогаш не сум“ се игра така што една од поканетите ќе каже нешто што никогаш не го направила, а секоја што го направила тоа треба да се напие една голтка пијалак. И така сè додека не ви здодее.
Од секс-шоп купете неколку секси-играчки и скријте ги насекаде по просторијата во која се одржува моминската вечер. Задача на невестата е пред крајот на вечерта да ги пронајде сите предмети.
Купете споменар и во него секоја од присутните нека ѝ напише нешто на идната невеста, а тогаш на крајот од вечерта дајте и го споменарот како спомен од таа прекрасна ноќ. Ставете и свои фотографии за споменарот да биде поинтересен.
