Почитувачи на урбаниот стил: Не мора да потрошите ни денар, за да добиете комплетно ново парче гардероба, за кое сите ќе прашуваат…
А, нема ни да знаат дека е направено од Вашите раце, за многу кратко време и тоа, од обична стара маичка…
Девојки, не би било лошо маичката да ја позајмите од Вашето момче, Вашиот другар или брат, бидејќи треба да биде поголема. Бојата на маичката е нормално, по Ваш избор.
Останатото што Ви е потребно се: ножички и трака за врзување, повторно во боја по Ваш избор….
И секако, малку труд, за модерен елек, кој во Вашиот ормар ќе значи многу…






